Омилени

Барај

Општи услови на користење

Општи услови на користење

Добредојдовте на веб-платформата за е-трговија trk.mk!

Со Вашето користење на веб-платформата trk.mk (во понатамошниот текст „Платформа“, „веб-платформата“) Вие еднозначно се согласувате со севкупните Правила на игра за користење на веб-платформата објавени подолу. Правилата на игра се состојат од Општи услови на користење и Политика за заштита на личните податоци.

Trk.mk го задржува правото во секое време и без претходно известување и најавување да ги менува, отстранува или дополнува овие Правила на игра.

Ве молиме прочитајте ги внимателно и почитувајте ги во целост.
Доколку имате прашања, контактирајте нé.

Општи услови на користење

Општите услови на користење важат за веб-платформата trk.mk. За користење на севкупната понуда на trk.mk, Вие мора да се согласите и во целост да ги прифатите Општите услови за користење опишани подолу.

Со користење и регистрација на trk.mk, Вие („Крајниот Корисник“, Ваш“) се согласувате со севкупните Правила на игра за користење на веб-платформата дефинирани подолу. Со овие Правила на игра се дефинираат правата и обврските за користење на веб-платформата trk.mk, вклучително нејзините услуги, програми и функционалности.

Податоци за Друштвото

Сопственик на веб-платформата trk.mk, како и нејзините мобилни апликации и верзии, е

Друштвото за трговија и услуги ТРГОМАК ДИГИТАЛ увоз-извоз ДООЕЛ Радовиш
(во понатамошниот текст „ТРГОМАК ДИГИТАЛ“, „Ние“, „trk.mk“, „Платформата“, „веб-платформа“, „Наш“)

со седиште на ул. Плачковица 197, 2420 Радовиш.

Телефон: 076853602

Е-адреса: [email protected]

Сопственост на веб-платформата

Веб-платформата trk.mk, нејзината содржина, веб страницата, логото и инфраструктурата која се користи за таа да се одржува достапна и функционална, е сопственост на ТРГОМАК ДИГИТАЛ. Со користење на оваа веб-платформа Крајните Корисници, Посетителите, Продавачите и Купувачи се  согласуваат со сите правила и услови изнесени овде.

  • Trk.mk Ви овозможува лимитирано право, да ja користите веб-платформата во согласност со овие Општи услови на користење, како и со севкупните Правила на игра и со сите дополнителни политики и правила поставени од trk.mk; и
  • се согласувате дека нема да ја репродуцирате, дистрибуирате, пренесувате, препродавате која било содржина, софтвер или производи и услуги добиени преку веб-платформата без претходно писмено одобрување од mk.


Trk.mk може да содржи линкови од веб-страници на трети лица, кои се одржуваат од трети лица. Тrk.mk еднозначно ја отфрла одговорноста во поглед на содржината и точноста на информациите и материјалите објавени на таквите веб-страни одржувани од трети лица. Крајниот Корисник ги посетува овие веб-страни на свој сопствен ризик. Крајниот Корисник се согласува дека ќе го обештети и нема да го смета за одговорно ТРГОМАК ДИГИТАЛ, неговите управители, директори, одговорни лица, вработени и агенти, за сите побарувања за отштета и трошоци, вклучувајќи и трошоци за правно застапување, кои можат да произлезат од користењето на Платформата од страна на Корисникот.

Електронска комуникација

Кога ја користите Платформата или испраќате електронска пошта (е-маил) до trk.mk , Вие комуницирате со нас по електронски пат и се согласувате да примате електронски пораки во секаков вид од trk.mk во врска со Вашeто користење на Платформата. Ние ќе комуницираме со Вас преку е-пошта (е-маил) или преку поставување нотификации или коментари или други видови електронски пораки на Платформата. Вие се согласувате дека сите спогодби, забелешки или друга комуникација која Ви е пренесена по електронски пат ги задоволува правните закони и барања како да е пренесена во писмена форма и може да послужи како веродостоен доказ. Известувања од нас ќе се сметаат за уредно доставени на денот на испратената електронска порака од наша страна, на Вашата е-маил адреса која сте ја оставиле на Вашиот профил или сте ни ја дале низ друга форма на комуникација со Вас.

Услови на користење

Платформата можат да ја користат сите правни лица и сите физички лица на возраст од 18 години или повеќе.
Се смета дека Крајните Корисници се запознаени со овие Општи услови на користење, како и со севкупните Правила на игра доколку користат кој било дел од Платформата, како и дека прифаќаат дека користењето на Платформата е единствено за лична потреба и на сопствена одговорност. Со користење на кој било дел од Платформата, Крајните Корисници се согласуваат и со Политика за приватност и заштита на личните податоци на ТРГОМАК ДИГИТАЛ.

Доколку НЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ со севкупните Правила на игра на trk.mk веднаш престанете да ги користите услугите и програмите на Платформата, вклучително посета и продавање/купување.

Trk.mk овозможува интерактивна дигитална услуга за е-трговија преку веб-платформата креирана исклучиво за таа намена под домеинот trk.mk во сопственост на ТРГОМАК ДИГИТАЛ. Преку Платформата, одредени правни физички лица сопственици на Извод за примарно производство на храна издадено од Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија (понатаму „Продавач“, „Краен Корисник“) ќе можат да ги понудуваат и продаваат своите производи и услуги на сите лица на возраст од 18 години или повеќе (понатаму „Купувач“, „Краен Корисник“) единствено согласно севкупните Правила на игра на Платформата.
Единствено Продавачот е одговорен пред Купувачот за квалитетот на услугите и производите кои ги нуди и продава, како и нивната достава до Купувачите. Сите понуди и цени на веб-платформата може да се променат во кое било време, без претходно известување. Сите цени се со вклучен ДДВ.

Секоја посета на веб-платформата, како и секое купување, значи дека сте ги прочитале овие услови и дека сте во целост согласни со истите.

За Продавачи:

Регистрацијата и одржувањето на Вашата Онлајн продавница на веб-платформата trk.mk е бесплатна.
Онлајн услугата за е-трговија на веб-платформата trk.mk се наплатува по остварена трансакција со Ваши производи и услуги.

ТРГОМАК ДИГИТАЛ има право  да ги  измени и дополни овие услови во било кое време, со ажурирање на овој документ.

За Купувачи:

Купувачите можат да купуваат на два начина:
     1. Бесплатна Регистрација на Профил: овој начин на купување овозможува плаќање на рати.

  1. Еднократна посета и купување без дополнителни предности.

При регистрацијата на профил имате можност да се зачлените на ТРК-Билтен, за да бидете редовно информирани за сите новости, попусти и акции.

ТРГОМАК ДИГИТАЛ има право  да ги  измени и дополни овие услови во било кое време, со ажурирање на овој документ.

За квалитетот на услугите и производите на Онлајн продавниците, како и испораката на истите, пред Купувачите одговараат единствено Продавачите, односно сопствениците на Онлајн продавниците. Цените и понудите на Онлајн продавниците и на Платформата можат да се менуваат во кое било време без претходно известување.

Повремено, посетувајте ја оваа страница за да ги прегледате актуелните услови на користење, затоа што за Вас како Краен Корисник тие се обврзувачки. Одредени одредби на овие услови може да се заменат со правни известувања и услови достапни единствено на одредени страници на оваа локација.

ТРК.МК го задржува правото да одбие давање услуга или пристап на Платформата на кое било правно или физичко лице во кое било време поради која било причина.

Сите интеракции на Платформата мора да бидат во целосна согласност со севкупните Правила на Игра на Платформата.

Користење на Платформата

Со пристапување и користење на оваа веб-платформа, Вие потврдувате и се согласувате дека:

  • Имате најмалку 18 години
  • Сте во можност да направите правна обврска
  • Не Ви е законски забрането да користите одредени услуги или производи
  • Нема да се обидете да вршите какво било дејство на веб-платформата: неовластено преземање на информации од веб-платформата како пуштање robots, crawlers и други алатки за преземање информации
  • Вашето користење на веб-платформата во секое време ќе биде во согласност со овие Општи Услови на користење и тргување
  • Ќе правите легитимни купувања кои се во согласност со условите дадени во секоја понуда
  • Ќе вршите купувања само од Ваше име, за Ваша лична употреба или наменети за подароци на пријатели
  • Ќе оставате точни информации за Вас на кое било место на веб-платформата каде оставате податоци
  • Ќе ги ажурирате навремено податоците за Вас за секоја настаната промена
  • Ќе купувате преку веб-платформата со креирање профил на Платформата или преку опцијата Еднократно пазарење и секое купување ќе биде предмет на Условите за купување, образложени подолу во овие Општи Услови за користење и тргување
  • Вашата лозинка и нејзиното доверливо чување е Ваша одговорност

Користење податоци

Правото на користење на севкупните услуги на trk.mk е лично на сопственикот на Онлајн продавницата („Краен корисник“) или на Купувачот („Краен корисник“) и не е преносливо на трето лице. Корисникот е единственото одговорно лице за заштита на доверливоста на внесената лозинка, како и точноста на податоците за регистрација на Платформата. Можете да регистрирате и одржувате само еден Профил: само една Онлајн продавница („Профил“) за Вашите производи и услуги и/или само еден купувачки профил. Вие сте единствено одговорни за обновување на податоците на Вашиот „Профил“. Опциите за обновување и одржување на податоците на Вашиот „Профил“ вклучуваат: промена, зачувување или бришење на Вашите лични податоци или отчленување од Вашите членства и регистрации на trk.mk платформата.
Вие знаете и сте согласни дека trk.mk не сноси никаква одговорност за каков било инцидент кој може да произлезе од и е поврзан со Вашиот Профил. Вие сте единствено одговорни за одржување на безбедноста на Вашиот Профил, како и за каква било активност која се случува на и од Вашиот профил.
Вашиот Профил, вклучително и производите, услугите и средствата кои се наоѓаат на истиот, може да биде отстранет, доколку не го одржувате со тековни податоци. Вашиот Профил не е пренослив и не смеете да го споделувате/продавате со/на трети лица.
Со комплетирањето на Регистрацијата, односно со внесување на Вашата е-адреса (е-маил) и личните податоци во делот за регистрација, Вие се согласувате и со нашата Политика за Заштита на личните податоци.

Содржина на веб-платформата

Со купување или добивање на каква било понуда на веб-платформата trk.mk обезбедена од кој било Продавач, Вие се согласувате со овие Правила на игра на Платформата. Платформата им овозможува на Крајните Корисници можности да ги пребаруваат, прегледуваат, прелистуваат, коментираат, оценуваат преку совети, рејтинзи, мислења, дискусии, коментари, пораки, одговори и други видови комуникација, објавените содржини на Крајните Корисници на Платформата, како и да поставуваат датотеки, слики, фотографии (колективно „содржини“) преку форуми, огласни табли, групи за дискусии, виртуелни простории за разговор, анкети, блогови или други комуникациски канали, кои можат да бидат понудени на, преку или во врска со оваа Платформа од време на време.
Неопходно е да поседувате trk.mk – Профил за да можете да постирате содржина на Платформата. Доколку поставите каква било содржина на Платформата гарантирате дека сте Вие креатор на содржината.
Тrk.mk има единствено и апсолутно право, но не и обврска, да ги прегледа, промени, премести, постави, избрише, отстрани или одбие поставените содржини на Платформата, да ги следи корисничките содржини и да ги открива содржините и околностите на нивниот пренос на која било трета страна, во кое било време, од која било причина, вклучително и да се утврди усогласеноста со севкупните Правила на игра и Услови на користење и тргување на Платформата и сите оперативни правила воспоставени од trk.mk, како и да ги запази сите применливи закони, регулативи или овластени владини барања.

Продажба преку trk.mk

Продажба преку веб-платформата trk.mk можат да вршат само комплетно регистрирани Продавачи преку нивните креирани Онлајн продавници на Платформата.
Регистрирањето Онлајн продавница на trk.mk е бесплатно.
Со регистрирањето Вие склучувате полноправен Договор за соработка со trk.mk на неопределено време.

Регистрацијата се врши преку кликнување на копчето „Тркувај“ на почетната страна на Платформата и последователно комплетно пополнување на соодветната Пристапница. Неопходен услов за да регистрирате Ваша е-продавница на Платформата е да го закачите Вашиот важечки Извод од евиденција на примарни производители на храна издаден од Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија.

Уредувањето на Онлајн продавницата е во целосна одговорност и обврска на регистрираниот сопственик на истата (понатаму „Продавач“). Продавачот е должен редовно да објавува точни, соодветни и транспарентни информации и материјали за неговите производи и услуги во неговата Онлајн продавница. Продавачите можат да избришат продукт или услуга од својата онлајн продавница само во случај кога нема регистрирано нарачка/продажба за истиот/истата.
Единствено Продавачот е одговорен пред Купувачот за квалитетот на услугите и производите кои ги нуди и продава. Сите понуди и цени на веб страницата може да се променат во било кое време, без претходно известување. Сите цени се со вклучен ДДВ.

При регистрацијата на е-продавница на trk.mk Продавачите мораат да склучат еден од двата понудени Договора за соработка. Договорите за соработка се понудени во два пакета: 1. Добар и 2. Одличен.

При регистрација потребно е задолжително согласување со севкупните Правила на игра, вклучително и Политиката за приватност и заштита на лични податоци на ТРГОМАК ДИГИТАЛ, за Договорт за соработка да биде полноправно склучен.

Договори за соработка

Trk.mk ги наплаќа своите услуги преку задржување на транспарентно утврден процент од секоја успешно остварена трансакција на Платформата плус банкарска провизија по трансакција. Trk.mk ги нуди овие два Договора за соработка:

  • „Добар“: Бесплатна регистрација плус основни функции за беспрекорно функционирање на Вашата Онлајн Продавница. Платформата наплаќа по 20% од секоја успешно завршена трансакција со Ваши производи + банкарска провизија по трансакција. Цената за испорака не е вклучена. Дознај повеќе тука.
  • „Одличен“: Бесплатна регистрација плус унапредени технички и маркетинг функции и понуди за беспрекорно функционирање на Вашата Онлајн Продавница. Платформата наплаќа 25% од секоја успешно завршена трансакција со Ваши производи + банкарска провизија по трансакција. Цената за испорака не е вклучена. Дознај повеќе тука.

    Со кликнување на копчето „ПРИФАЌАМ“ под еден од понудените Договори, Вие склучувате полноправен Договор за соработка со trk.mk. Договорите за соработка се склучуваат на неопределено време. Договорите за соработка можат да се раскинат во секое време, со рок за најава од 15 дена пред крајното бришење на профилот, со испраќање на барање за раскинување на [email protected]. Вашиот профил ќе биде избришан единствено по исполнување на обврските на двете договорни страни.

Купување

Купувачите стигнуваат до платформата за купување преку кликнување на копчето „ТРКНИ“ на почетната страна на Платформата. Купувањето на платформата trk.mk се врши преку пополнување на формуларот за НАРАЧКА, генериран од trk.mk. Купувањето на trk.mk е достапно на два начина:

1. Регистрација/пријава;

2. Еднократна Посета.

  1.  Регистрацијата се врши само еднаш, на почетокот, кога се креира корисничкиот профил на купувач. Регистрацијата се врши преку кликнување на копчето РЕГИСТРИРАЈ СЕ во панелот „ТРКНИ“, и целосно пополнување на пристапницата. Секоја следна посета на Платформата се врши преку кликнување на копчето ПРИЈАВИ СЕ. Пријавите се вршат со внес на е-адресата и лозинката внесена при регистрацијата на профилот. Регистрираните/пријавените корисници имаат опции за зачувување на нивните податоци, внесени во формуларот за НАРАЧКА, и за следните пазарувања.
    Регистрираните корисници имаат ексклузивна можност за плаќање на износот во повеќе месечни рати.
  2. Еднократна посета овозможува пазарење без регистрација/пријава. За таа цел е потребно еднократно внесување на податоците неопходни за извршување на трансакцијата и на испораката во формуларот за НАРАЧКА генериран од trk.mk. При секое следно пазарување, корисникот ќе мора одново да ги внесува неопходните податоци за трансакција и испорака.
    Еднократната посета не овозможува плаќање на рати.

  
Во објавите на производите се опишани: видот, намената, произведувачот, цената и продавачот кој ги дефинира условите под кои може да се купи производот. Trk.mk не е одговорен за рекламациите во однос на квалитетот на производот поврзани со описот на понудата. Цените на понудите можат да се променат во кое било време без претходно известување од страна на trk.mk. Цените се со вклучен ДДВ.

КУПУВАЧ е секој регистриран или нерегистриран Краен Корисник имател на единствен број на нарачка, кој се добива во електронската потврда на нарачката на определен производ, при што лицето кое ја врши нарачката е согласно да изврши електронска трансакција на парични средства веднаш или на рати, за цената определена за производот кој е на продажба, под условите за користење и продажба истакнати во опишаниот производ на Платформата.

При купување на производот, за да може да креирате нарачка и истата да ја реализирате, потребно е да го изберете и притиснете копчето КУПИ ВЕДНАШ или ДОДАДИ ВО КОШНИЧКА, при што ќе треба да одберете начин на плаќање и опцијата за достава на производот.

Секој обид да се реализира нарачка со прекршување на севкупните Правила на игра објавени тука ќе значи дека нарачката е неважечка.

Пристап до Платформата

Trk.mk го задржува правото да одобри или одбие понуда за производ или услуга од Крајниот Корисник. Со цел да се подобри и унапреди продажбата на производите и понудите на Платформата, trk.mk го задржува правото да ги користи содржините, кои Крајниот Корисник ги има поставено на Платформата.

Крајниот корисник се согласува дека и покрај тоа што Интернетот е претежно безбедно место, понекогаш се појавуваат пречки во службата или настани кои се надвор од контролата на ТРГОМАК ДИГИТАЛ и trk.mk.
Крајниот Корисник признава дека ТРГОМАК ДИГИТАЛ и trk.mk не сносат одговорност за губењето податоци настанато при пренос на податоци преку Интернет.  
Крајната цел на Платформата е да биде 24 часа 7 дена во неделата достапна на и пристапна до Крајните Корисници, сепак може да се случи поради која било причина, вклучително и рутински одржувања, Платформата да биде недостапна и непристапна на одредено време.
Крајниот Корисник разбира и признава дека во зависност од околностите, во рамките и надвор од контролата на ТРГОМАК ДИГИТАЛ, пристапот до trk.mk може да биде прекинат или суспендиран од време на време. Trk.mk го задржува правото во секое време да го промени или прекине кој било апсект или функционалност на Платформата, вклучувајќи, но не и ограничено на, содржина, часови на достапност, опрема за пристап до и користење на Платформата.


Крајниот корисник е одговорен за стекнување и одржување на сопствената компјутерска опрема, вклучително и целиот хардвер и софтвер што ги поседува и користи, како и друга опрема потребна за пристап и користење на Интернет и трошоците поврзани со тоа.
ТРГОМАК ДИГИТАЛ не е одговорно за каква било штета на опремата на Крајниот Корисник, кои можат да произлезат од користењето Интернет.

Сите интеракции на веб-платформата мора да се во согласност со овие Правила на игра. Доколку ТРГОМАК ДИГИТАЛ дојде до сознание дека Вашето однесување му попречува или му забранува на кој било друг Краен Корисник да го употребува кој било дел од Платформата, може да го ограничиме Вашиот пристап и користење на веб-платформата.

Следните активности се забранети на Платформата и означуваат кршење и непочитување на Правилата на игра:

А) Поставување каква било содржина на веб-платформата која:

 

  • Ги прекршува применливите закони (вклучувајќи, но не ограничено на: закони за интелектуална сопственост, закони кои се однесуваат на заштита на лични податоци и закони кои се однесуваат на клевета);

 

  • Содржи лични податоци, освен ако ние јасно не побараме од Вас такви информации за одредена цел;

 

  • Содржи вируси или лош софтвер кој може да наштети;

 

  • Нуди преземање на заштитени, доверливи или лични податоци;

 

  • Има ефект на наметнување на другите;

 

  • Содржи пораки од неовластени лица од mk, кои наводно зборуваат во име на trk.mk или даваат доверливи информации поврзани со trk.mk;

 

  • претставува измама, или фалсификува податоци; или

 

  • Користи авторски права, трговска марка или било кој друг тип на интелектуална сопственост, без јасна еднозначна поврзаност или согласност од сопственикот на авторското право, трговската марка или друга интелектуална сопственост

 

Б) Секоја активност насочена кон :

 

  • Пристапување до податоци кои не се наменети за Вас, како и логирање на сервер или профил која не се овластени за пристап;

 

  • Скенирање или следење на Платформата со цел собирање податоци, во обид да се следи продажбата, користењето, агрегирани информации за понудите, информации за цените или слични податоци;

 

  • Скенирање или тестирање на безбедноста или конфигурацијата на веб страницата или да се прекрши безбедноста или мерките за автентикација; или

 

  • Мешање во употребата на веб-платформата на кој било корисник на кој било начин, вклучувајќи, без ограничување, по пат на поднесување на вирус на веб-платформата, обид да се направи преоптоварување со “спам”, или да се направи прекин на веб-платформата.

 

В) Употреба на:

 

  • Рамки (анг. frames), техники на рамки (наг. framing techniques) или технологија на рамки (анг. framing technology) да се прикаже или открие било која содржина од веб-платформата без писмена дозвола на ТРГОМАК ДИГИТАЛ;

 

  • Каква било содржина од веб-платформата, вклучувајќи без ограничување Кориснички содржини (дефинирано подолу), во кои било мета тагови или кој било друг “скриен текст” техники и технологии без писмена дозвола на ТРГОМАК ДИГИТАЛ;

 

  • Веб-платформата или која било негова содржина, за да се рекламира или дистрибуира, за комерцијални, политички или верски цели или да се натпреваруваат, директно или индиректно, со mk; или

 

  • Веб-платформата или кој било од неговите ресурси, за да придобие корисници, трговци или други трети страни да станат корисници или партнери на други онлајн или офлајн услуги директно или индиректно конкурентни или потенцијално конкурентни со mk, вклучувајќи, без ограничување, собирање тековни или претходно понудени понуди.

 

Собирање на кои било од следните наведени работи:

 

  • Содржина од Платформата, вклучувајќи, но не и ограничена на тековните или претходните понудени промотивни понуди на Платформата, и потоа прикажување на корисниците на таква содржина на кој било начин, со цел да се пренасочат корисниците од Платформата кон друга трета страна, без писмена дозвола на ТРГОМАК ДИГИТАЛ;

 

  • Лични податоци (дефинирани во Политиката за приватност и заштита на лични податоци), Корисничка содржина (дефинирана подолу) или содржина од било кој Краен Корисник.

 

Г) Вклучување во било која од следните активности:

 

  • Упаѓање или попречување на правилното функционирање на кој било дел, страница или област на Платформата или на кои било функции или услуги обезбедени од страна на mk;

 

  • Преземање каква било акција што создава прекумерна побарувачка за нашите услуги или наложува, или може да наметне, неразумно или несразмерно големи оптоварувања на нашите сервери или други делови од нашата инфраструктура;

 

  • Препродавање на кои било купувања направени преку Платформата;

 

  • Надминување или обидување да се надмине горната граница на одобрена количина на нарачки кога се врши купување на понудите, или на друг начин користење на било кој ТРК-профил, за да се купат производи или услуги за препродажба или за шпекулативни, лажни, измамнички или кои било други цели, кои се изречно забранети во овие Правила на игра и условите на конкретната понуда на Платформата;

 

  • Пристапување, следење или копирање на каква било содржина од Платформата, користење на каков било “робот”, “пајак”, или други автоматски средства или каков било рачен процес за каква било цел, без писмена дозвола на ТРГОМАК ДИГИТАЛ;

 

  • Агрегирање и прикажување на кои било актуелни или претходни понуди или содржина или други информации од Платформата (без разлика дали користите линкови или други технички средства или физички записи поврзани со купувања направени преку mk), со материјали од други сајтови без писмена дозвола на ТРГОМАК ДИГИТАЛ;

 

  • Длабоко прикриено поврзување со кој било дел од веб страницата (вклучувајќи, без ограничување, патеката за купување за секоја нарачка) без писмена дозвола на ТРГОМАК ДИГИТАЛ;

 

  • Поврзување до веб-платформата од кој било друг веб-сајт без наша почетна и тековна согласност; или

 

  • Дејствување незаконски или злонамерно против бизнис интересите или угледот на mk, нашите продавачи, купувачи, корисници или нашите услуги.

 

Крајниот корисник еднозначно се изјаснува и се согласува дека е единствено одогворен за користењето на веб-платформата trk.mk. ТРГОМАК ДИГИТАЛ не гарантира за последиците кои можат да произлезат од користењето на Платформата, или за точноста, доверливоста или содржината на некои информации, услуги и стоки тргувани преку Платформата, кои содржат лични податоци за трети лица или кои било други информации заштитени со закон, освен во согласност со важечките барања за нивна заштита, процесирање и примена. Крајниот корисник се согласува да ја обештети, а нема да го смета за одговорно Друштвото за трговија и услуги ТРГОМАК ДИГИТАЛ увоз-извоз ДООЕЛ Радовиш, против сите барања за надомест на штета и трошоци, вклучувајќи и правни трошоци, кои можат да произлезат од користењето на Платформата trk.mk од страна на Крајниот Корисник.

Користење профил

Можете да регистрирате и одржувате само еден профил на Платформата за лична употреба. Вие сте одговорни за внесување и обновување на податоците во Вашиот профил. Како дел од измените на Вашиот профил имате опција да: промените, зачувате или избршете какви било лични и други информации од профилот или да се отчлените од добивање промотивни пораки по е-пошта. Вие сте запознаени и се согласувате дека ТРГОМАК ДИГИТАЛ нема никаква одговорност за каков било инцидент кој може да произлезе од или е поврзан со Вашиот профил. Само Вие сте одговорни за одржување на безбедноста на Вашиот профил и за каква било активност која се случува на или е поврзана со Вашиот профил. Ние ќе претпоставиме дека секое лице, кое ја користи Платформата преку Вашиот профил, сте Вие. Вашиот профил може да биде остранет заедно со Вашите средства кои се наоѓаат на него ако истиот не го одржувате со тековни податоци.

Вашиот профил не е пренослив. Не смеете да го споделите или продадете со/на друго лице. Било кое непочитување на овие Правила на игра може да доведе до исклучување на профилот без претходно известување. Со исклучен или отстранет профил, Крајниот Корисник ги губи купените производи или услуги, без разлика дали се употребени и средствата кои се наоѓаат на истиот. ТРГОМАК ДИГИТАЛ го задржува правото да ја промени или исклучи било која опција на веб-платформата trk.mk , вклучително, но не и ограничено на барањата за нејзина употреба на Платформата.

Услови на купување, достава, замена и враќање на производ

Со купување или добивање на кaква било понуда и услуга на Платформата обезбедена од кој било Продавач, Вие се согласувате со овие Правила на игра, вклучувајќи ја и Политиката на достава, замена и враќање на производ, достапни  на овој линк.

Специјални програми

Со учествувањето во која било програма, маркетинг промоција, игра или друга активност организирана од trk.mk, Вие се согласувате со овие Правила на игра.

Коментари, прегледи и друга содржина

ТРГОМАК ДИГИТАЛ не е одговорно за каква било содржина поставена на Платформата од страна на Крајниот Корисник, претплатникот, овластен и/или неовластен. ТРГОМАК ДИГИТАЛ го задржува правото да изменува, прилагодува, променува, брише и отстранува содржина што се смета за несоодветна и навредлива. Крајниот корисник

  • не смее да објави материјали кои не се во согласност со законодавството на Р. Македонија, важечките меѓународни закони, Интернет етиката, заедничките прописи за пристојност и моралност.
  • не смее да објави материјали кои претставуваат предмет на интелектуална сопственост на трети лица, освен со согласност од носителот на авторските права. Корисникот не смее да објавува материјали кои изразуваат или повикуваат на дискриминација врз основа на пол, раса, националност, етничка припадност, државјанство, религија или верување, образование, потекло, убедување, политичка определба, личен или јавен статус, попреченост, возраст, сексуална ориентација, брачна состојба, имотен статус или какви било други обележја, како и пропагирањето на секаква противчовечка и нечовечна идеологија.
  • не смее на оваа Платформа да објавува, поставува или на друг начин става на располагање материјали кои се предмет на авторски права, заштитен знак или други права на интелектуална сопственост, без еднозначна согласност на носителост на тие права.

 

ТРГОМАК ДИГИТАЛ преку платформата trk.mk не е обврзано да го извести Крајниот корисник, или да му помогне да се утврди интелектуалната сопственост на материјалите со кои се служи на неговиот Профил, како и на Платформата. Корисникот е единствено одговорен за каква било штета што може да произлезе од прекршување на авторските права, заштитен знак и/или други права поврзани со интелектуалната сопственост на трети лица, како и објавувањето на такви материјали на Платформата. Со објавувањето материјали на Платформата достапни за целата јавност, Корисникот изјавува дека е носителот на правата на овие материјали и експлицитно му дозволува на ТРГОМАК ДИГИТАЛ времено и/или просторно неограничено, бесплатно, неповратно, не-ексклузивно право и лиценца на користење, репродуцирање, модифицирање, адаптирање, објавување и дистрибуција на таквите материјали (делумно или во целост). Крајниот корисник, исто така, дозволува и други Крајни Корисници со право на пристап до споделените материјали, гледање, споделување и репродуцирање на материјалите за нивна сопствена употреба. Со ова Крајниот Корисник му дава право на ТРГОМАК ДИГИТАЛ да изменува, умножува, објавува и споделува секаков материјал на Крајниот Корисник достапен на платформата trk.mk. Крајниот Корисник не смее да објавува материјали, кои претставуваат комерцијална или професионална тајна или друг вид доверлива информација, чие откривање е забрането врз основа на договор, закон или акт на надлежен орган.

Општи услови за гаранција

КРАЈНИОТ КОРИСНИК ЕКСПЛИЦИТНО СЕ СОГЛАСУВА ДЕКА КОРИСТЕЊЕТО НА ОВАА ПЛАТФОРМА Е  НА НЕГОВА ЛИЧНА ОДГОВОРНОСТ. НИТУ ТРГОМАК ДИГИТАЛ, НЕГОВИТЕ ПОДРУЖНИЦИ, НИТУ НИВНИТЕ ВРАБОТЕНИ, АГЕНТИ, ПРОДАВАЧИ, ДАВАТЕЛИ НА УСЛУГИ, СОРАБОТНИЦИ, ПРОВАЈДЕРИТЕ НА СОДРЖИНА ИЛИ ДАВАТЕЛИ НА ЛИЦЕНЦА ИЛИ НЕКОЈ ОД НИВНИТЕ ВРАБОТЕНИ, ДИРЕКТОРИ, АГЕНТИ, НЕ ГАРАНТИРААТ ДЕКА КОРИСТЕЊЕТО НА ПЛАТФОРМАТА ЌЕ БИДЕ НЕПРЕКИНАТО, БЕЗГРЕШНО, БЕЗ ВИРУСИ ИЛИ БЕЗ ГРЕШКИ; НИТУ ПАК ГАРАНТИРААТ ЗА

  • РЕЗУЛТАТИТЕ, КОИ МОЖАТ ДА СЕ ДОБИЈАТ ОД УПОТРЕБА НА ОВАА ПЛАТФОРМА, ИЛИ БИЛО КОЈА МИКРОСТРАНА, ИЛИ ЗА

  • ТОЧНОСТА, ВЕРОДОСТОЈНОСТА ИЛИ ЦЕЛОСНОСТА НА
    СОДРЖИНАТА НА СТРАНАТА, ВКЛУЧИТЕЛНО, БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ ОД ПРОДАВАЧИТЕ, УСЛУГИТЕ И ПРОИЗВОДИТЕ КОИ СЕ НУДАТ;
    2. ОПИСОТ НА ПОНУДИТЕ ОД ПРОДАВАЧИТЕ, ПРОИЗВОДИТЕ ИЛИ ДРУГИ ПРОГРАМИ; ИЛИ
    3. КОРИСНИЧКА СОДРЖИНА ДАДЕНА ПРЕКУ ПЛАТФОРМАТА.

 

ОВАА ПЛАТФОРМА И ЦЕЛАТА НЕЈЗИНА СОДРЖИНА, КОРИСНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ, ИНФОРМАЦИИ ЗА ПОНУДИТЕ И ПРОДАВАЧИТЕ СЕ СТАВЕНИ НА РАСПОЛАГАЊЕ НА БАЗА “КАКО ШТО СЕ” И “КОГА СЕ ДОСТАПНИ”. ДО СТЕПЕН ДО КОЈ ДОЗВОЛУВА ПРИМЕНЛИВИОТ ЗАКОН.
ТРГОМАК ДИГИТАЛ СЕ ОГРАДУВА ОД КАКВА БИЛО ОДГОВОРНОСТ И УСЛОВИ, ИЗРАЗЕНИ ИЛИ НАЛОЖЕНИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ, НО НЕ И ОГРАНИЧЕНИ НА, ОНИЕ КОЈ СЕ ПРЕДМЕТ НА ПРЕКРШОЦИ, ТРГУВАЊЕ ИЛИ ПРИЛАГОДЕНИ ЗА ОДРЕДЕНА НАМЕНА.

Ограничување на одговорноста

ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ ТРГОМАК ДИГИТАЛ УВОЗ-ИЗВОЗ ДООЕЛ РАДОВИШ, НЕГОВИТЕ СОРАБОТНИЦИ, ВРАБОТЕНИ, СОПСТВЕНИЦИ, ДИРЕКТОРИ, АГЕНТИ ИЛИ ПРОДАВАЧИ, ДАВАТЕЛИ НА УСЛУГИ И ПРОВАЈДЕРИ НА СОДРЖИНА, НЕ СЕ ОДГОВОРНИ ЗА КАКВИ БИЛО ПОСРЕДНИ НЕМАТЕРИЈАЛНИ,  СЛУЧАЈНИ, СПЕЦИЈАЛНИ, ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ КАЗНИ ИЛИ ШТЕТИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД, ИЛИ СЕ ПОВРЗАНИ СО:

  • ВАШЕТО КОРИСТЕЊЕ НА ПЛАТФОРМАТА, СОДРЖИНАТА, КОРИСНИЧКАТА СОДРЖИНА И ДРУГИ ИНФОРМАЦИИ СОДРЖАНИ НА ПЛАТФОРМАТА;

  • ВАШАТА НЕМОЖНОСТ ДА ЈА КОРИСТИТЕ ПЛАТФОРМАТА;

  • ПРОМЕНА ИЛИ ОТСТРАНУВАЊЕ НА СОДРЖИНА ПОСТАВЕНА НА ПЛАТФОРМАТА;

  • ПОНУДИТЕ ОД ПРОДАВАЧИТЕ, ПРОИЗВОДИТЕ, УСЛУГИТЕ ИЛИ ДРУГИ ПРОГРАМИ ПОНУДЕНИ ПРЕКУ ПЛАТФОРМАТА; ИЛИ

  • ОВИЕ ПРАВИЛА НА ИГРА.

ВО КОЈ БИЛО СЛУЧАЈ ОДГОВОРНОСТА НА ТРГОМАК ДИГИТАЛ ВО ВРСКА СО НАПРАВЕНА НАРАЧКА ИЛИ ОБЈАВА ОД КАКВА БИЛО ПРИРОДА НЕ МОЖЕ ДА ГИ НАДМИНЕ СРЕДСТВАТА ПЛАТЕНИ ЗА ТАА НАРАЧКА. ВКУПНАТА АГРЕГИРАНА ОДГОВОРНОСТ И ОБВРСКА ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА ЗА КОЈА ТРГОМАК ДИГИТАЛ БИ МОЖЕЛ ДА ОДГОВАРА НЕ МОЖЕ ДА ЈА НАДМИНЕ СУМАТА ПЛАТЕНА ОД КРАЈНИОТ КОРИСНИК ЗА НАРАЧКАТА ОД КОЈА ПРОИЗЛЕГЛА ШТЕТАТА.


Промена на Правилата на игра

ТРГОМАК ДИГИТАЛ и trk.mk го задржува правото во секое време да го измени, промени или прекине кој било аспект од Правилата на игра и Политиката на заштита на лични податоци. Таквите промени може да вклучуваат, меѓу другото, додавање на одредени такси или давачки.  Доколку trk.mk направи суштински измени, ќе ги извести Корисниците на соодветен начин: преку испраќање е-пошта на е-адресата внесена при регистрација на Вашиот Профил и/или со објавување на известување за измените на Платформата. Сите суштински измени на Правилата на игра и условите на користење на Платформата, вклучително и Политиката на заштита на лични податоци, ќе стапат на сила откако претходно ќе се изврши известувањето на Крајните Корисници на начинот опишан погоре. Секој Краен Корисник се согласува редовно да ја посетува Платформата и да се информира за евентуелните измени.
Овие промени нема да важат за производи или услуги купени пред да стапи на сила датумот на ваквите промени. Ако не се согласувате со промените можете да го избришете Вашиот профил без каков било надоместок и веднаш да престанете да ги користите услугите на Платформата по промената на условите. Овие промени ќе бидат важечки за новите Крајни Корисници на Платформата и за сите производи или услуги купени од страна на таквите нови Крајни Корисници.
Затоа Ви препорачуваме од време на време да ги препрочитувате овие важни информации кои ги содржат нашите Правила на игра и Политиката за заштита на лични податоц, со цел да останете информирани за какви било измени или промени. Секое користење на Платформата од страна на Крајниот Корисник ќе се смета за согласност и прифаќање на измените од страна на Крајниот Корисник.

Авторски права

Сите материјали содржани на веб-платформата trk.mk се ексклузивно право на Друштвото за трговија и услуги ТРГОМАК ДИГИТАЛ увоз-извоз ДООЕЛ Радовиш, или се користат со писмена дозвола од носителот на авторските права и на носителот на правата за трговски марки и/или дизајн. Секое копирање, дистрибуција, пренос, објавување, поврзување, Длабоко поврзување, или на друг начин модифицирање на Платформата без еднозначна писмена дозвола од Друштвото за трговија и услуги ТРГОМАК ДИГИТАЛ увоз-извоз ДООЕЛ Радовиш е СТРОГО ЗАБРАНЕТО! Прекршувањето на Правилата на игра на Платформата и нивна злоупотреба можат да доведат до покренување граѓанска постапка и/или гонење против прекршителите на авторските права, заштитниот знак и права, како и правата на која било друга форма на интелектуална сопственост.

Заклучни одредби

  1. Деловниот јазик за склучување договори со Крајните Корисници и воопшто на тргување на Платформата е македонскиот јазик.

  2. Договорите за соработка се склучуваат на неопределено време. Договорната страна може да го прекине Договорот со претходно испраќање на барање за бришење на Профилот на Продавачот на е-маилот: [email protected]. Барањето се испраќа најмалку 15 дена пред крајното бришење на Профилот. Профилот ќе биде избришан само откако ќе бидат помирени сите побарувања и обврски на двете договорни страни.

  3. Доколку ги повредите и прекршите овденаведените севкупни Правила на игра и Ние не преземеме ништо против тоа, Ние и понатаму сме овластени, во која било следна прилика, да Ве повикаме на одговороност поради прекршувањето на Правилата на игра.

  4. ТРГОМАК ДИГИТАЛ го задржува правото во кое било време и поради која било причина да ги менува, отстранува или дополнува овие Правила на игра. Доколку одредена одредба или правило од севкупните Правила на игра стане неважечко, ништожно или од која било причина неспроведливо, оваа одредба или правило ќе се смета за изолирано и нема да влијае на важноста и спроведливоста на останатите одредби и правила од севкупните Правила на игра.
Кошничка
  • Нема внесено продукти во кошничката.

Договор за соработка „Добар“:

Доколку сте го избрале овој Договор, наплатата изнесува 20% за платформата од секоја успешно завршена трансакција со Ваши производи + банкарска провизија.

Пакетот вклучува:

Договор за соработка „Одличен “:

Доколку сте го избрале овој Договор, наплатата изнесува 25% од секоја успешно завршена трансакција со Ваши производи + банкарска провизија за префрлање на уплатените средства на Вашата сметка.

Пакетот вклучува: